Општина Центар ја почна реконструкцијата на уште еден парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадратни. Паркот е во строгото централно подрачје позади „Малага“ и „Просветно дело“.
„Во рамките на проектот е сместен мултифункционален урбан елемент на дрвена подлога, направена во пачворк стил. Еден дел ќе биде за аудиторим и ќе има три маси за играње шах. За најмладите се поставува ново современо детско игралиште, со безбедносна подлога од специјална гума. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, како и тревен бусен на 500 метри квадратни. Ќе бидат насадени 150 високо родни дрвја, 4.100 зимзелени и листопадни грмушки и зимски и летен расад. Зимзелените и листопадните грмушки даваат цветови во различен период од годината. За да се одржува зеленилото постојано, за првпат тука ќе биде поставен автоматски систем за полевање“, соопшти општина Центар.