Насловна / Вести / Реконструкција на улицата „Народна револуција“ во Куманово

Реконструкција на улицата „Народна револуција“ во Куманово

Започна асфалтирањето на улицата „Народна револуција“ од Соколана кон централното градско подрачје во Куманово.

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, изврши увид во реконструкцијата на оваа и околните улици од Соколана кон централното градско подрачје.

– Улицата се реконструира во површина од 2.000 квадратни метри, информира Дамјановски.

По завршување на оваа, екипите ќе започнат со санација на булеварот „Октомвриска револуција“, која се спојува со „Видео Смилевски -Бато“, сообраќајницата каде има оштетувања како и на улицата „Ѓорче Петров“ која води кон населбата „Перо Чичо“.timthumb.php

Реконструкцијата на улиците во Куманово започна пред еден месец и според податоците на општината со реконструкција, санација, крпење на ударни дупки до крајот на сезоната до средината на август, ќе бидат опфатени вкупно 65.000 метри квадратни површина. Досега завршени се 12.000 метри, а опфатени се поголемите улици и булевар во различни населби и делови од градот. Паралелно со реконструкцијата на улиците се поставуваат и сообраќајни пречки и тротоари.

– Куманово оваа година целата сила односно концептот на развојната програма го насочи во регулирање, односно реконструкција на сообраќајната инфраструктура. Ќе продолжиме со исто темпо, целиот тендер е околу 48 милиони денари, ќе биде целосно исполнет и мислам дека до крајот на година ќе биде финансиски затворен, додаде Дамјановски.

Што се однесува до проширување на улиците, градоначалникот на Куманово , информира дека пред неколку дена се отпочнати преговори за подготовка на сообраќајна студија која треба да биде дел од Генералниот урбанистички план и дека таа стдија може да понуди нови решенија и визија.

Испрати коментар

Scroll To Top