Во рамките на „Работно лето 2015“ во општина Центар, во тек е реконструкција на улицата Орце Николов, од бул. Климент Охридски, се’ до улицата Михаил Цоков.
На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопходна реконструкција на овој дел од улицата, поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот. Вкупната површина на делот на кој се врши зафатот е 3600 м2, должина околу 520 метри и ширина седум метри.
Реконструкцијата се врши во неколку фази. Завршено е стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите рабници со нови. Последна фаза е асфалтирањето на улицата.
Истовремено, во Дебар Маало, се планира и реконструкција на улицата Наум Наумовски- Борче и дел од улицата Аминта Трети.