Насловна / Вести / Реконструкција на трговскиот центар во Штип

Реконструкција на трговскиот центар во Штип

trgovski-nov-stip1

На крајот на 70-тите години од минатиот век, поточно во 1978 година, Штип го доби градскиот трговски центар. По намената, беше многу сличен на некогашната „НАМА“ на улицата „Ванчо Прке“, но по изгледот и дизајнот, беше нешто ново за Штип.

Распадот на социјалистичката економија, донесе проблеми и за штипска „Нова трговија“. Како резултат на неисплатените плати, бројни обврски кон доверители и останати правни предизвици, слично како и „НАМА“, градскиот трговски центар беше поделен на парчиња.trgovski-nov-stip12

Во изминатите две децении, малкумина посветуваа внимание на изгледот и руинирањето на градскиот трговски центар. Доминираа имотните проблеми, а за сето време, објектот пропаѓаше, што резултираше со мошне лоша и грда слика за градот.

„Најспектакуларен“ беше погледот во холот на трговскиот центар, во кој на над 20.тина импровизирани картонски тезги, се продаваат текстилни производи. Над нив, руиниран кров со дотраени огромни светилки, кои се закануваат со секој нов ден, да паднат и некого да повредат. Изгниени ѕидови, протекувања при секој дожд, влага и страшна миризба на секоја педа од она што некогаш беше гордост за Штип.DSC_7931

Штипјани се прашуваа дали е можно оваа слика да се промени… Да, на нивно задоволство, градскиот трговски центар веќе десетина дена е предмет на обемна реконструкција.

DSC_8477

Идејниот проект за надградба и реконструкција на дел од градскиот трговски центар во Штип е подготвено од „Радиус архитектс“ од Скопје, од проектантскиот тим: Мартин Пановски, Александар Наумчески, Јана Гугуловска и Душица Диновска. За ова сме пишувале и порано во „Порта 3“. Истиот опфаќа реконструкција на терасата, како прва фаза од проектот, додека уредувањето на холот на трговскиот центар, со времените картонски тезги е втора фаза во која влегува проект на друга група на сопственици.

Изведувачи на проектот се „Алмонт“ и „Бау инженеринг“ од Штип а надзорот е на „Типинг“ од Велес.DSC_8474

Според актуелното идејно решение, отворениот влез на трговскиот центар лоциран на улицата  „Кеј Маршал Тито“ ќе биде затворен а внатрешниот дел ќе биде поделен на сегменти со што ќе се овозможи и соодветен простор за тргување. Станува збор за вкупна површина од околу 1.305 м2 која е дел од вкупната површина на која се простира трговскиот центар, а тоа е околу 3.000 м2. Предвидена е обнова и на самата фасада, со современи материјали со што ќе се реконструира она што сега е грда руина.

trgovski-nov-stip123

Всушност, се работи на два проекта од кои едниот се однесува на внатрешноста а едниот на надворешноста. Веќе се работи на големата тераса лоцирана спроти улицата „Маршал Тито“ која со децении беше подложена на пропаѓање. Во суштина, беше извор на болести оти во ноќните часови ја користеа само како јавно WC а од изметот кој стоеше со години не можеа да работат ниту околните дуќанџии.

Ова своевидно слепо црево беше и причина за многу реакции до Општината да презеде активности за да се реши проблемот со стариот и руиниран трговски центар, но локалната самоуправа нема ингеренции бидејќи станува збор за приватен објект. Сепак, во разговор е укажано на потребата сопствениците да преземат чекори и да го средат објектот.

trgovski-nov-stip123456

 

Терасата ќе биде заградена, ќе се смени и урбанизира ликот на трговскиот центар но согласно Законските решенија и предвидениот ДУП на Штип во овој дел, висината на објектот ќе остане иста.

Со реконструкцијата ќе се добие 1.800 м2 корисна површина односно по 650 м2 на два ката.trgovski-nov-stip12345

– Можам да кажам дека објектот ќе биде уникатен и прекрасен. По толку многу време, редно е овој дел од градот да заличи – изјави Александар Патраклиски од „Игедо“.

Шест други фирми кои имаат удел во трговскиот центар работат на вториот проект со кој ќе се реши проблемот и во внатрешноста кој се покажа како срам за градот. Овде пред неполна година се случи пожар кој изгоре дел од импровизираните тезги од картон а малку недостигаше да се срушат и големите и нефункционални рефлектори бидејќи пожарот изгоре дел од пластиката која се стопи и падна во холот. Ова наведе дел од инвеститорите да се ангажираат повеќе околу реконструкцијата, бидејќи постоеше опасност и од жртви.trgovski-nov-stip1234

Испрати коментар

Scroll To Top