Насловна / Вести / Реконструкција на тревните површини во „Пролет“

Реконструкција на тревните површини во „Пролет“

пролет

Пролет – најстарата населба во Скопје, добива нов изглед. Меѓу станбените блокови на потегот кај улиците „Мирче Ацев“ и „Цицо Поповиќ“, во завршна фаза е реконструкцијата на тревните површини и садењето на 16 видови садници, претежно повеќегодишни, декоративни зимзелени грмушки, 14 јавори и две магнолии.
Посадени се вкупно 779 садници, направен е автоматски систем за полевање чии прскалки ќе црпат вода од еден бунар за наводнување со техничка вода.
Тревата на повеќе места е веќе зелена, а целата површина е уредена, постоечките дрвја искастрени, и се наѕира конечниот изглед на целото маало меѓу зградите, запуштано со години.
Општина Центар планира да постави и 10 клупи и канти за ѓубре.
Општина Центар ја завршува големата акција за уредување на седум илјади метри квадратни запуштена површина, со високо обраснати и исушени треви и коров, уништени дрвја и гранки кои беа потенцијална опасност за граѓаните во населбата Пролет.

Испрати коментар

Scroll To Top