Насловна / Архитектура / Реконструкција на стадионот на Барселона

Реконструкција на стадионот на Барселона

Kamp nou rekonstrukcija1

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека од сезоната 2021-2022 ќе биде проширен капацитетот на стадионот Камп Ноу на 105.000 места. Барселона наведе дека на тендерот за избор на најдобар проект за реконструкција, победила заедничката понуда на јапонската компанија „Никен Секеи“ и каталонското архитектонско студио на Џоан Паскале и Рамон Ауси.

Kamp nou rekonstrukcija

Презентацијата на проектот ќе биде за неколку недели. На јавноста и беа претставени само неколку фотографии од проектот на проширениот стадион. Изведбата на работите  ќе започне  следното лето. Камп Ноу сега може да прими 99.354 навивачи и е најголем стадион во Европа. Отворен е во 1957 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top