Насловна / Вести / Реконструкција на Спомен костурницата во Велес

Реконструкција на Спомен костурницата во Велес

spomen_4

  Реконструкцијата на Спомен костурницата е во завршна фаза, а истата државата ќе ја чини над 80 илјади евра. Целосно ќе биде обновен ентериерот како и екстериерот на објектот, најави Министерството за култура.

– Состојбата со кровот на објектот беше алармантна. Дојдовме во ситуација да се загрози мозаикот, вредно капитално дело на Петар Мазев, поради прокиснувањето на водата. Со завршувањето на двете фази треба комплетно да се заврши санацијата на кровот со што еден голем проблем ќе биде решен – изјави Марин Клифов, раководител на објектот Спомен костурница.

  Објектот е изграден во 1979-та и е дело на авторите академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектoт Саво Суботин од Нови Сад – Војводина. Во специјален простор во Костурницата се чуваат и посмртните останки на 100-ина паднати борци од НОБ, меѓу нив и на поетот и револуционер Кочо Рацин.

  При последната посета во Велес, министерката за култура најави дека и новата театарска зграда за краток период ќе биде спремна да ги прими актерите. Според плановите на министерството, годинава на ред се и спомен куќите на Варналиите. Тие се влезени во програмата за обнова на старите градски јадра, а ќе се работи на фасадите на куќите на улицата Јован Алабакот, со цел да се задржи автентичноста на старата велешка архитектура.

spomen_3kosturnica_1kosturnica_2

Испрати коментар

Scroll To Top