Насловна / Архитектура / Реконструкција на Саксонската палата во Варшава

Реконструкција на Саксонската палата во Варшава

Проектот за реконструкција на Саксонската палата, лоцирана во историскиот центар на Варшава и во близина на Стариот град и Кралскиот замок, ќе го реализира архитектонското студио WXCA по добивањето на првата награда на конкурсот организиран од Министерството за култура и културно наследство во соработка со Асоцијацијата на полски архитекти.

3

Како што изјави Пјотр Глински, министерот за култура, за време на официјалното објавување на резултатите од конкурсот, планираната реконструкција на Саксонската палата ќе претставува симболично дополнување на повоениот процес на реконструкција на Варшава, чиешто материјално наследство беше сериозно уништено во текот на Втората светска војна и нејзината повоена реконструкција – во која беа вклучени и Стариот град и Кралскиот замок – делови од светското наследство на УНЕСКО, како примери за архитектонска реконструкција со највисока уметничка вредност и со извонредно значење за полското општество.

4 6

Саксонската палата е централен елемент на саксонската оска, развој од 18 век со јавен простор (наречен плоштад „Пилсудски“ од 1928 година) покрај Саксонските градини. Тој бил еден од симболите на Варшава пред Втората светска војна и станал седиште на Генералштабот на полската армија откако Полска ја добила својата независност. За време на Втората светска војна, објектот бил целосно уништен.

7 8

Во проектот за реконструкција, архитектите на WXCA ќе го вратат источното крило на плоштадот „Пилсудски“ во неговата надворешна архитектонска форма од 1939 година. Саксонската палата, палатата Рококо Брул и трите куќи од страната на улицата Кролевска. Внатрешните дворови се реинтерпретирани како меѓусебно поврзани јавни простори кои ги одржуваат оригиналните пропорции и геометрија, но во современ манир. Елементите во комплексот, плоштадот и паркот се интегрирани, преку продорноста на плоштадот „Пилсудски“ кој се отвора кон градот.

11 13 12

Концептот за реконструкција на Саксонската палата повеќепати е покренуван како прашање по Втората светска војна и се враќа на дневен ред по јавната дебата на почетокот на 2000-тите кога се извршени археолошки работи и анализи во подрумите на палатата во 2017 година, кои датираат од 17 век. Проектот за реконструкција беше одложен поради светската финансиска криза.

Во согласност со условите на натпреварот, архитектите на WXCA предложија комплекс од згради со надворешна форма што ја дава состојбата на Саксонската палата, палатата Брул и соседните градски куќи долж улицата Кролевска од далечната 1939 година – задржувајќи ги надворешните силуети на целиот комплекс, тектониката на фасадите и користење на традиционални материјали за завршна обработка. Проектот претпоставува изложување на зачуваните, оригинални декоративни елементи. Највпечатлив е централниот дел на колонадата помеѓу двете крила на Саксонската палата односно – Гробот на непознатиот војник. Во концептот на студиото за архитектонско дизајнирање WXCA, споменикот е јасно одвоен од реконструираниот дел на колонадата.

14 16 15

17

31 август 1939 година претставува директна, иако не и единствена референтна точка за архитектите – специфичен момент во стогодишниот процес. Од оваа перспектива, за архитектите на WXCA, реконструкција како чин никогаш не е само враќање во минатото, туку дијалог со меморијата изразен преку современ градителски јазик. Преку победничкиот концепт предлагаат реконструкција кој опфаќа прилагодување на јавниот простор, интерпретирајќи го како можност да се воведе ред во структурата на целиот комплекс згради и при тоа, да се креира дополнителна социјална и урбана вредност.

Испрати коментар

Scroll To Top