Насловна / Архитектура / Реконструкција на резиденцијални објекти од социјален карактер

Реконструкција на резиденцијални објекти од социјален карактер

Архитектонското студио Абало Алонсо архитекти (ААА – abalo alonso arquitectos) официјално го заврши проектот за реконструкција на две станбени единици, лоцирани во историскиот центар на Бетанцос, град во Ла Коруња, Шпанија. Рехабилитацијата на овој имот, од 19 век, во историскиот центар на Бетанцос е условена со нови програмски функции и аспекти, во пресрет на новите законски ажурира.

2-copy-0

Проектот е еден од 50-те финалисти на XVI BEAU награди (Шпанско биенале за архитектура и урбанизам) во категоријата Локално градителско наследство.

6-copy-0 4-copy-0 7-copy-0

Двата проекта за социјални станови проектирани од Абало Алонсо архитекти произлегоа од условите на парцелата, бидејќи површината за градба не беше недоволна за да се изградат посебни објекти во секоја од нив, а вкупната површина ја надмина максимално дозволената квадратура за социјални станови, па беше одлучено да се направи поделба на станбените површини по вертикала низ двете нивоа со директен пристап од заеднички влезна партија.

 

Конструкцијата е од вкрстено ламинирано дрво за носечкиот ѕид и плочите, кои се звучно изолирани со спуштена таваница. Дополнително, зачувана е надворешната столарија и додадена е нова внатрешна со скриен панел и стакло. Преградните ѕидови се направени од водоотпорни и огноотпорни плочи од гипс картон.

9-copy-0 8-copy-0

Корисната површина по кат, откако ќе се намали комуникациското јадро, е недоволна за да се лоцира независна станбена единица по кат; а вкупната површина, вклучително и јадрото во оваа прилика, ја надминува максимално дозволената квадратура за едно живеалиште за социјална категорија, кое би го зафатило целиот расположлив волумен.

metalocus_abalo-alonso_rehabilitacion-de-inmuebles-para-dos-viviendas-de-promocion-publica_02

Носивиот ѕид од вкрстено ламелирано дрво создава надолжна поделба на внатрешноста, по целата висина, што овозможува јасно позиционирање на скалишното јадро и издвојување на сервисни простори како дел од востановените програмски содржини. Централно се протега корисната површина, на која се додадени утилити, тоалетите и додатни простории за одлагање. При третирање на подовите се користи истата конструктивна практика, за да се постигне најмала можна дебелина, со што лесно би се прилагодиле на веќе утврдената нивелација.

10-copy-0 11   16 17

Испрати коментар

Scroll To Top