Насловна / Вести / Реконструкција на локалниот пат меѓу селата Долно и Горно Соње

Реконструкција на локалниот пат меѓу селата Долно и Горно Соње

dolno gorno sonje pat

До крајот на неделата се очекува да биде завршена реконструкцијата на локалниот патен правец меѓу селата Долно и Горно Соње.

За реконструкција на овој пат во должина од околу 1,1, километар се инвестирани шест милиони денари. Парите се обезбедени преку Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Увид во градежните работи денеска извршија директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Сопиште, Стевче Трпковски.

Во рамки на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Сопиште во претходните две години ги заврши локалните патни правци село Ракотинци – мост за село Добри Дол и за село Добри Дол со вкупна должина од околу четири километри во вредност од 21 милион денари.

Испрати коментар

Scroll To Top