Општина Kисела Вода ќе ја реконструира постојната и ќе гради нова фекална канализација на својата територија. Распишан е оглас со кој се бара изведувач на предвидените зафати за кои се проценува дека ќе бидат потребни 17 милиони денари. Избраната фирма со најповолна понуда ќе биде должна да ги изведе зафатите во рок од 12 месеци.
Според нивните информации, новата фекална канализација ќе се гради во делови од населбите Драчево и Пржино. Нова атмосферска канализација е предвидена во делови од населбите Бирарија, Драчево и 11 Октомври – згради. Градежните активности се очекува да започнат во почетокот на месец декември.