Општина Кочани денеска потпиша договорот со компанијата „Минелшредер“ од Белград, Република Србија за замена на јавното осветлување во Кочани и населбата Оризари.
Договорот го потпишаа градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски и генералниот директор на компанијата „Минелшредер“ Братислав Вучковиќ.
-Овој договор е во вкупна вредност од 52 милиони и 510 илјади денари и со истиот ке бидат заменети 3.125 светилки со нови лед светилки во Кочани и населбата Оризари. Со ова се добива зголемена осветленост во градот а заштедата на електрична енергија е до 65%. Средствата ке се обезбедат од тековниот буџет на општината со плакање на комуналната такса за оваа намена, изјави Димитровски.
Според Братислав Вучковиќ, овој проект ќе отвори нов идентитет во осветлувањето на општината, при што и општината и граѓаните ќе бидат во целост задоволни со резултатите што ќе се постигнат.
Замената на првите светилки според договорот ќе се случи на почетокот од месец август годинава.