Општина Центар почна со реконструкција на фасадата на општинското основно училиште „Гоце Делчев“, која по завршувањето на зафатот ќе биде енергетско ефикасна.
„Стартот на новата учебна година на први септември учениците од општинското основно училиште Гоце Делчев ќе го дочекаат во реновирано училиште и ќе добијат поквалитетни услови за стекнување нови знаења и престој“, наведуваат од Општината.
Оттаму додаваат дека со ова ќе се намалат трошоците за електрична енергија, но и температурите во училниците ќе бидат максимално оптимални.