Насловна / Вести / Реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Со буџетски средства на Министерството за култура ќе започне реконструкцијата на зградата на националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани. Градежните работи ќе се реализираат во два дела. Во првата фаза ќе се реконструира дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е граден во далечната 1950 година.

Beli_mugri

„Обновата на Центарот ја очекуваме со големо нетрпение бидејќи ќе бидат создадени услови за подобри активности на ансамблите и групите што работат во Центарот. Паралелно со ова продолжуваме со реализирацијата на програмата, што во најголем дел е прифатена од страна на Министерството за култура на РМ. Во рамките на ликовната дејност ќе се реализираат неколку изложби на ликовни колонии низ Македонија, како и две самостојни изложби на ликовните творци Марија Мицова Гацева и Ивана Младеновска“, изјави Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот во Кочани.

Во рамките на драмската дејност ќе биде работена преставата „Алиса во земјата на чудата“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, а во кореографија на Андријана Андреевска. Тоа ќе биде балетско-театарска престава за деца, истакнува Атанасова Арсова.

Во делот на фолклорната дејност Министерството и годинава ќе ја финансира работата на фолклорниот ансамбл „Мугри“, како и на одржувањето на меѓународната културна манифестација „Петровденски конаци“ која годинава ќе се реализира по 11-ти пат.

Инаку, минатата година НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани реализираше вкупно 90 културни манифестации од различлни области.

Испрати коментар

Scroll To Top