Амбициозниот проект за реконструкција на Ајфеловата кула е започнат уште во 2012 година, а комплетното завршување е предвидено за крајот на оваа година. Реконструкцијата е дело на архитектонското студио “Moatti- Rivière”, и има за цел да создаде потполно нова целина од првиот кат на кулата.
Ќе се воведат нови содржини, меѓу кои и голема конференциска сала, и киносала со 200 седишта. Притоа ќе се користат обновливи извори на енергија, како соларната енергија и енергијата на ветерот. Освен тоа ќе биде вградено и енергетски ефикасно осветлување со LED светилки. Четири ветерни турбини ќе ги погонуваат пумпите за снабдување со вода, а ќе се собира и дождовницата.
Вкупната вредност на проектот е 35 милиони евра.
Извор: moatti- rivière.com