Насловна / Вести / Реконструкција на 14 нови улици во Ѓорче Петров

Реконструкција на 14 нови улици во Ѓорче Петров

gjorce petrov

Реконструкција на 14 нови улици во Ѓорче Петров најави градоначалникот на општината Сокол Митровски.

Како што нагласи градоначалникот Митровски, со отпочувањето на градежната сезона ќе се завршат работите на улицата „Австралиска“ во должина од 245 метри, улицата „Антон Чехов“ во должина од 2014 метри, „Антон Кецкаров“ во должина од 210 метри, „Јадранска“ во должина од 100 метри. Сите овие улици, како што нагласи градоначалникот, ќе бидат широки по 5,5 метри.

Освен овие ќе се реконструираат и изградат и „Исаја Маџовски“ во должина од 210 метри, „Браќа Галеви“ во должина од 100 метри, „Алекса Демниевски“ со вкупна должина од 436 метри и уште многу други.

– За реализирање на овој проект, обезбедени се средства преку кредит од Светска банка во висина од 79.927.000 денари со грејс период од три години и каматна стапка од 0,2 отсто и рок на враќање од 10 години, – истакна Митровски.

Во текот на 2015 година ќе се прошират и капацитетите на детската градинка Росица, односно на клонот Детелинка, кој ќе биде со капацитет да прими 80 нови дечиња.

За овој проект се издвоени 4.390.000 денари, а градежните работи ќе започнат во јуни годинава.

Како еден од најважните проекти предвидени за оваа година, како што нагласи градоначалникот на општината, е изградба на новата општинска зграда, која би требало да биде завршена во наредните две години и ќе чини околу четири милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top