Општина Бутел ја почна реконструкцијата и санацијата на повеќе улици и сообраќајници: „Хо Ши Мин“, „Петар Манџуков“, „Боро Менков“, „Качанички пат“, улицата „1151“ во Визбегово, како и повеќе улици во Љубанци и Љуботен.
– Прв за обнова е стариот Качанички пат и другите пристапни патишта во индустриската зона Визбегово. Вкупната должина на санираните сообраќајници ќе изнесува еден километар со што ќе биде подобрена сообраќајната комуникација во индустриската зона, информира општина Бутел.
На сите сообраќајници ќе биде извршено машинско гребење на повеќе од 2.000 метри квадратни и ќе биде вграден асфалт во износ од 350 тони.
Општина Бутел работи и на донесувањето на урбанистичките планови за Визбегово. Урбанистичкиот план за индустриската зона Визбегово го изработува Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање во опфат од 117 хектари, а општина Бутел го изработува урбанистичкиот план за населеното место Визбегово, со кој ќе биде опфатена површина од 170 хектари.
Изведувач на градежните работи е фирмата „Гив Груп“ од Скопје. Од буџетот на општината обезбедени се 4,9 милиони денари.