По речиси четири децении, матичниот објект на најстарата градинки во општина Центар, „Корчагин“, е реконструиран.
Децата во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветчињата беа стари и дотраени. Фасадната столарија не била сменета цели 35 години, при што се губел голем дел од топлинската енергија и децата не биле соодветно заштитени од студ и провев.
Општина Центар замени 102 прозори и постави нови и модерни прозори, како и 6 коморни прозорци, кои се енергетски ефикасни, со 4 сезонско стакло.
Заедно со новите 18 поставени врати, градинката „Корчагин“ сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.
Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 121,95 Kwh на м2 годишно, а сега 60 Kwh.
Почитувајќи го начелото на транспарентно работење, Општина Центар и Форумот на заедницата организираа граѓански форум, на кој невладините организации и граѓаните изгласаа токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката “Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.
Половина од средствата за реконструкција ги обезбеди општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија.