Екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот „Киро Глигоров“ со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно, соопштуваат од Град Скопје.
Оваа локација на булеварот „Киро Глигоров“ беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.
На терен работеа екипите на ЈП „Водовод и канализација“.