Насловна / Арт и дизајн / Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во село Зрзе

Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во село Зрзе

зрзе (2)

Заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во село Зрзе, Прилепско. Со поддршка на Министерството за култура и во согласност со проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, била извршена реконструкција, како и внатрешно уредување на монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство.

Во монашкиот конак била реконструирана и магерницата. Исто така, беа преземени активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта, како и делумна реконструкција на североисточниот бедем.

зрзе

На крајот, во рамките на завршните активности за заштита на манастирот „Свето Преображение“, беше реализирана изведбата на Горна порта, како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс. Претходно, на оваа локација беа спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и ранохристијанска  базилика од V век, што го определува Зрзе како културен центар уште од најраните пројави на христијанството на територијата на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top