Општина Центар ја заврши реконструкцијата на дел од улицата 487 во Дебар Маало. Коловозот беше многу оштетен и не овозможуваше нормално одвивање на сообраќајот, беше изваден и се стави нов.
Проблемот со атмосферската канализација се решава со падови кон сливниците.
Реконструираниот дел, долг 80 метри ќе ги реши проблемите на граѓаните и ќе овозможи соодветно и безбедно ниво на одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај.