Сите реклами за автомобили во Франција, наскоро ќе содржат предупредувања слични на оние на амбалажата на цигарите и аклохолните пијалоци. Според законот кој ќе стапи на сила во март 2022 година, ќе постојат три пораки осмислени да ги промовираат позелените алтернативи на автомобилите на фосилни горива:
• На кратки релации дајте предност на пешачењето или велосипедот
• Размислете за тоа да повезете некого со себе
• Користете што повеќе јавен превоз
Печатените реклами ќе имаат врамено предупредување кое мора да покрива најмалку 7% од површината на огласот. Во текот на ТВ реклами, предупредувањето мора да остане на екранот доволно долго за да може да се прочита. Огласите исто така мора да го имаат хаштагот #SeDeplacerMoinsPolluer (изберете превозни средства кои загадуваат помалку). Очекувано, производителите на автомобили не се воодушевени со ова. Огласувачите се обврзани да наведат и во која класа на емисии припаѓаат нивните возила, што е како ознаките за количината на катран и никотин на амбалажата од цигарите, што влијаело врз изборот на брендови со пониска содржина на овие материи. Рекламирањето на возила со високи емисии ќе биде целосно забрането од 2028 година, а Европската комисија сака до 2035 година целосно да ја забрани продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување во ЕУ.