Насловна / Вести / Реката Вјоса во Албанија прогласена за национален парк – првата заштитена дива река во Европа

Реката Вјоса во Албанија прогласена за национален парк – првата заштитена дива река во Европа

Владата на Албанија ја прогласи реката Вјоса за национален парк, па таа стана првата дива река во европа со овој статус  – IUCN категорија 2. Првенствено, тоа е резултат на долгогодишната кампања која ја спроведуваше коалицијата на организации за заштита ан природата Save the Blue Heart of Europe („Да го сочуваме синото срце на Европа“), а потоа и успешната соработка помеѓу институциите и граѓанскиот сектор.

vjosa1

vjosa2

Минатата година, државата конечно одлучила да соработува со меѓународните организации и се обврзал да формира национален парк. Иницијативата за зачувување на слободниот тек на реката Вјоса, трае веќе полна деценија, додека обидите во сливот да се изградат хидроцентрали се успешно запрени. Вјоса е најголемата дива река во Европа. Заедно со притоките слободно тече во должина од над 400 километри. Со околните подрачја сочинува екосистеми со значајно ниво на биодиверзитет, дом за над 1.100 видови животни, вклучувајќи 13 глобално загрозени и 2 глобално загрозени растителни видови. Формирањето на националниот парк се очекува да го олесни решавањето на прашањата како што се загаденоста на водата и земјиштето, сечењето на шумите, управувањето со отпад и сл. Исто така се отвораат и економски можности за локалните заедници, преку развој на еколошки одговорен туризам, што може да помогне во запирање на депопулацијата на подрачјето. Вјоса ќе биде заштитена според највисоките меѓународни стандарди, што ќе го обезбеди нејзиниот еколошки интегритет и ќе ја зачува популацијата на автохтони видови. Националниот парк с епротега на површина од 12.727 хектари.

vjosa3

IUCN ги повикува и другите влади во регионот и пошироко да покажат слични амбиции и да помогнат во постигнување на суштинската цел, најкасно до 2030 година да бидат заштитени 30% од планетата.  Албанската влада во соработка со грчката влада работи и на формирање на прекуграничен парк Аос – Вјоса, а во февруари годинава е покрената иницијатива реката да се прогласи за резерват на биосферата под заштита на УНЕСКО.

vjosa4

Испрати коментар

Scroll To Top