Холандски и бразилски научници открија дека реката Амазон е стара повеќе од девет милиони години, објави новинската агенција УПИ.
Досега експертите мислеле дека Амазон е стар од една до 1,5 милиони години. Научниците од Универзитетот во Амстердам и на Универзитетот на Бразил ги анализирале седиментите, извадени при дупчењaта за нафта и гас, при што резултатите укажувале на промена во составот на седиментите и на растителните остатоци од времето на доцниот миоцен, кој бил пред девет до 9,4 милиони години.
Во примероците има нагло зголемување на тревест материјал, што покажува дека во последните 2,5 милиони години имало големи регионални климатски промени, кои значително се одразиле врз растителниот состав.
„Регистрираните промени во седиментите го покренуваат прашањето дали регионот на Амазон не се променил драматично во текот на плиоценот, кога имало глобално заладување“, рече водечкиот автор и истражувач д-р Карина Хорн од Institute for Biodiversity and Ecosystem Dynamics на Универзитеот во Амстердам.
„Новите податоци ја потврдуваат возраста на реката Амазон и не насочуваат кон некоја досега за нас непозната област и за проширувањето на затревените површини од периодот на плиоценот“.