Македонија е сè уште зависна од увозот на електрична енергија. Гасификацијата и обновливите извори на енергија се едни од начините како во иднина треба да се надомести енергетскиот недостаток во земјава. Ова беше речено на предавањето на академик Глигор Каневче на Битолскиот универзитет „Долгорочно планирање и развојот не енергетските можности и предизвици“. Приклучувањето на потенцијалните гасоводи и нуклеарната енергија од четвртата генерација на нуклеарки, се можности што мораат да се земат предвид во долгорочната стратегија, покрај домашните ресурси, рече академик Каневче. Македонија енергетскиот развој мора цврсто да го потпира врз политики на енергетска ефикасност, бидејќи цените на енергенсите се неизвесни, а обновливите извори на енергија се уште се скапи поради увозот на опремата, смета академикот. Според Каневче, „тие технологии сè уште се скапи и можат да се градат исклучително со субвенции од Државата. Со оглед на тоа што Македонија не е производител на таа опрема, не би смеела на тој план да има преголеми амбиции“. Македонија иако не е богата со енергенси, научните анализи покажуваат дека производството на електрична енергија може да се избалансира со потрошувачката во периодите што следат, а на РЕК „Битола“ се смета како базичен капацитет до 2030 година.
Академикот Глигор Каневче учествуваше во креирањето на Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 2013 – 2017 година, која претставува еден вид подзаконски акт, кој произлегува од Законот за енергетика којшто се носи за период од пет години. Според него, последниве неколку години се посветува огромно внимание во развојот на енергетскиот сектор во земјава.
Sie rokovi vo toj dokument se veke godina dena probieni.