Во јули 2014 година, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио објави низа иницијативи со цел да го продолжи успешниот развој на центарот на Бруклин во просперитетниот 21 век во центар на градот. Меѓу нив беше и „Reinvent the Brooklyn Strand” можност за поврзување на центарот на Бруклин со реката преку преобмислени паркови, плоштади и зелени површини помеѓу центарот на Бруклин и Brooklyn Bridge Park, кои имаат огромен потенцијал да станат големо шеталиште и порта на Бруклин.
Како одговор на оваа визија, повеќе од 40 групи на засегнати страни од заедницата работеле за да понудат сугестии за тоа како може да изгледа „Reinvent the Brooklyn Strand” комплетно со нови врски кои ќе го реобмислат овој линеарен парк кои би станал една од значајните дестинации и би помогнал да се направи Brooklyn Bridge Park навистина достапен преку создавање на лесна врска со главните транзитни центри во градот.
Во март 2015 година, оваа долгорочна, заедничка визија за областа, развиена е од страна на архитектонски проектантски тим предводен од WXY architecture, планот бил презентиран на јавен состанок во партнерство со Одборот на заедницата. Предлозите се прелиминарни и ќе бараат темелно разгледување и соодветна анализа од страна на агенциите на градот. Досега не се направени никакви обврски за реализација, но овде може да се најде прикриен поглед и потребите на заеницата и градот на препорака на заедницата и архитектите.