Архитектите од холандското биро ОМА неодамна го завршија проектот за сценографија, кој вклучува три приврмени делови кои го реинтерпретираат просторот на театарот стар 2500 години, што се наоѓа во сицилијанскиот град Syracuse. Првата интервенција на античкиот театар се состои од поставување на кружна пешачка патека која го завршува полукружното гледалиште. Вториот елемент е висока закосена платформа од седум метри, која претставува одраз на амфитеатарот.
Платформата може да биде свртена и отворена, и со ова се овозможува симболичен влез на актерите. Третиот, и последен дел е кружниот подиум кој го отелотворува архаичниот жртвеник на диониските обреди. Како материјали за избор се користат алуминиумското скеле во комбинација со повеќеслојна иверка.