Насловна / Вести / Регионалната Кнауф Академија за прв пат се одржа во Македонија

Регионалната Кнауф Академија за прв пат се одржа во Македонија

Todor-Delovski-Regionalen-direktor-na-Knauf

 Традиционалната Кнауф Академија која има регионален карактер, годинава за прв пат се одржа во Македонија. Струга беше домаќин на околу двестотини архитекти, инженери и изведувачи во градежништвото од регионот, кои низ интерактивни работилници се информираа за најновите трендови, новитети, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.

Годинешниот традиционален собир на професионалци од оваа сфера, го посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот, како од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцегоцина, Црна Гора, Косово, како и домаќините од Македонија.

„Ние во Кнауф се гордееме со иновациско и развојно насоченото производство, затоа и многу внимание посветуваме на едукацијата на соработниците, која е неопходна од аспект на современ пристап кон работата и за запознавање на новите производи, системи, алати и техники во работењето. На овој начин, архитектите, проектантите, трговците, изведувачите, партнерите, имаат можност и практично да се запознаат со новините од Кнауф“, изјави регионалниот директор на Кнауф во Југоисточна Европа, Тодор Деловски.

knauf akademija

Регионалната Кнауф Академија е практичен придонес на Кнауф и членките на Групацијата, Knauf Insulation и AMF, за постојана едукација и информирање за најновите достигнувања во современото градежништво. Основната идеја на Кнауф Академијата е континуирано да се иницираат теми и да се нудат конкретни решенија, чија цел е зголемување на квалитетот на градењето, а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top