Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ организира Регионалната средба во Охрид. Средбата на архитекти и инженери е планирано да се одржи во просториите на Амфитеатар на УИНТ „Св.Апостол Павле“ – Охрид на 22.03. 2025 година (сабота) со почеток од 11:00 часот.
Втората регионална средба на архитекти и нженери во 2025 година ќе предходи на настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација. На собирот се поканети сите заинтересирани архитекти и инженери, активни членови на Комората од Западниот Регион и пошироко.
Организирањето на целодневен настан е со цел да се одбележи јубилеј – 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан како и презентација на конкурсните проекти од неодамна спроведениот интернационален архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
На препладневниот дел од настанот покрај формалните воведни обраќања, ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, ќе се отвори дискусија по однос на нивната примена како и за предизвиците со кој секојдневно се соочувам во професијата на централно и регионално ниво.
Регионалната средба со колегите архитекти и инженери се организираат со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА НА РЕГИОНАЛНАТА СРЕДБА/ претпладне/
Место: Амфитеатар на УИНТ „Св.Апостол Павле“ – Охрид
10.30 – 11.00 Регистрација на учесниците
11.00 – 11.15 Поздравно обраќање (Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ)
11.15 – 12.30 Ценовник за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
12.30 – 13.30 Дискусија по однос на нивната примена како и за предизвиците со кој секојдневно се соочувам во професијата на централно и регионално ниво.
13.30 – 14.00 Коктел и неформално дружење
РЕГИСТРАЦИЈА на страната на КОАИ тука