Насловна / Вести / Регионална конференија за енергетски заедници, на 8-ми декември во Сараево

Регионална конференија за енергетски заедници, на 8-ми декември во Сараево

Речиси целиот регион на Западен Балкан во моментот се соочува со проблеми во снабдувањето со енергенти и пораст на нивните цени, додека истовремено не се искористени сите можности граѓаните и бизнис заедницата да се вклучат во изградбата на електрани од обновливи извори на енергија. На тој начин би се зголемил уделот на енергија од локални извори, што може да има значаен ефект врз сигурноста во снабдувањето и енергетската ензависност. Затоа, Регионалниот центар за одржлива енергетска транзиција – RESET и  фондацијата Heinrich Boll, во медиумско партнерство со Balkan Green Energy News, одлучиле да организираат еднодневна конференција за Енергетски заедници на граќани/Заедници за обновлива енергија,  која ќе се одржи на 8-ми декември 2022 во Сараево. Целта на конференцијата е да се отвори дијалог на оваа тема и низ заклучоците да се дадат препораки и предлози за тоа како целиот процес да се забрза на ефикасен начин, односно да се афирмираат енергетските заедници на граѓаните како важен фактор во процесите на енергетска транзиција. Програмата е достапна на слениот ЛИНК. 

boll1

 

Испрати коментар

Scroll To Top