Конференцијата SEE ENERGY- Connect & Supply на тема „Западен Балкан во пресрет на новите енергетски предизвици“, ќе биде одржана на 13-ти и 14-ти октомври годинава во хотелот Sheraton во Нови Сад. Организаторите, Националната асоцијација за биомаса SERBIO и Еврпската банка за обнова и развој (ЕБОР), во текот на дводневниот настан ќе ги претстават состојбите, моменталните предизвици, како и потенцијалните решенија во енергетската транзиција на целиот регион на Западен Балкан.
Над 40 енергетски стручњаци, претставници на инвеститори и најважните државни институции ан земјите од регионот, ќе зборуваат за регионалнаат енергетска ситуација, цените на енергентите и сл. Некои од темите се далечинските системи за греење, топлинските пумпи, циркуларната економија, управувањето со отпадот и електромобилност. Котизацијата за учество е бесплатна.