Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP на 30-ти и 31-ви мај 2023 година, организира регонален стручен симпозиум „Енергетска ефиканост на зградите во регионот на Балкан +“, со поддршка на владите на Германија, Словачка и Јапонија.
Симпозиумот ќе ги собере претставниците на владите во регионот, финансиските институции, меѓународните организации, приватниот сектор и академската заедница. Целта на настанот е да помогне на регионот, како и на земјите во опкружувањето како Молдавија, да ја забрзаат имплементацијата на мерките за подобрување на енергетската ефикасност во зградите. Тие придонесуваат за налаување на трошоците за енергија, ги ублажуваат климатските промени, за заштитуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Исто така енергетската ефикасност на зградите придонесува за исполнување на обврските на балканските земји и земјите во опкружувањето кон Енергетската зедница и Агендата 2030. Регистрацијата за учество се врши на сајтот www.reebn.com. Настанот ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Белград.