Архитектонските студија Robert Hutchison Architecture и Хавиер Санчез Arquitectos соработуваа во проектот за домот кој обработува дождовна вода (La Casa que cosecha lluvia), кој се наоѓа во Темаскалтепек, во природен резерват, во планините јужно од Вале Браво, западно од Мексико Сити. Проектот беше номиниран за финалист на манифестацијата Simon Living Places во 2022 година.
Во областа, како и во околниот регион на централно Мексико, водата станува сè поскапоцен ресурс како што се зголемуваат температурите и популацијата. Иако регионот изобилува со дождовна вода, складирање на дождовницата не е вообичаена; наместо тоа, стандардна практика е нејзино испумпување од далечните басени. Дизајнот, предложен од Robert Hutchison Architecture + Havier Sanchez Arquitectos, зазема поинаков став, предлагајќи интегриран пристап кон реобновлив комплекс на вода.
Проектот предложен од Robert Hutchison Architecture + Havier Sanchez Arquitectos ја комбинира дисперзираната програма во три згради кои нежно се интегрираат во пејзажот; главен павилјон (227 m²) и две посебни компактни структури, архитектонско студио (30 m²) и бања (62 m²), кои се припиваат во пејзажот и природните циклуси на локацијата и развиваат посебна врска со местото.
Проектот функционира преку фотоволтаична низа од 10 kW и систем за складирање и третман на вода, при што секоја од трите згради собира дождовница, се поврзува со резервоар и систем за одводнување. Третман и складирањето на самата локација обезбедува 100% искористување на водата преку цела година. Структурата целосно ги користи влажните, дождливи лета и екстремно сувите зими во своја полза.
Системот за третман на отпадни води без хемикалии ги третира сите отпадни води на локацијата, враќајќи ги во водниот циклус на локацијата како сива вода за испирање на тоалетите и за полевање на зеленчуковата градина на локацијата.
Патеките ги поврзуваат различните функционални единици и служат како биолошки канали кои ја спроведуваат дождовницата до резервоарите на куќата и помагаат да се спречи ерозијата на локацијата. Био-земјоделските градини и овоштарникот на самото место се поставени околу принципите на синтропското земјоделство за да создадат самостоен и здрав систем на храна.
Додека главната куќа функционира како павилјон што овозможува мултифункционално користење на просторот на отворено преку целата година и е ориентирана кон пејзажот во сите четири правци, додека бањата оваа врска ја превртува , со четири активности : топла бања, сауна, парен туш и бања. Во средината на трите структури, егзистира ладен базен во центарот и отворен кон небото.
Подигната основа од бетон и вулкански камен служи како платформа за внатрешните и надворешните простори на куќата, додека пловечкиот покрив е поддржан од структура од носечки дрвени ѕидови и периметарска челична колонада. Структурата е надополнета со прозорци насочени кон исток, запад и југ соодветно, за да се генерира поволна сончева светлина во внатрешноста.
Под тремот се изградени два габарити: една за да ги опслужува просториите на север (магацин, бања, остава, плакари, перална) и друга за јужната страна. Помеѓу двете, се создава полуотворен простор на исток и запад каде што се наоѓа кујната. Програмата е комплетирана со надворешна трпезарија на исток, и дневна соба на отворено со камин на Запад.
Клучната линија (создаден од P. A. Yeomans во 1954 година) е систем кој овозможува користење на вода и обновување на ливадите. Станува збор за дизајн на контексот за да се намали брзината на водата и да се дозволи нејзино брзо навлегување, во внатрешноста на објектот без дополнителни елементи. Наместо тоа, се исцртуваат низа „клучни линии“ во кои се ископани ровови кои ја одведуваат водата до акумулациите за вода. Оваа методологија овозможува отпорност на суша, ерозија и поплави и истовремено, го подобрува создавањето на биомаса, што исто така помага да се задржи влагата во почвата.
Студијата, пак нудат интегриран работен простор со слободна конфигурација, надополнет со приватна тераса што го врамува небото и пејзажот. Алтернативно, студијата може да се трансформираат и во гостински соби. Бањата предлага поетски дијалог со природните квалитети на водата низ четири периметарски простори: термална бања, сауна, парен туш и мијалник. Во центарот, тие опкружуваат ладен базен отворен кон небото, исполнет со дождовница.