На вчерашниот референдум во Богданци кој беше успешно спроведен бидејќи го достигна потребниот цензус од 50% +1, граѓаните со огромно мнозинство се изјаснија против отворањето на рудникот “Казандол“. Со тоа, Богданци е првата општина која кажа „не“ за Казандол. За овој комплекс идната недела ќе се изјаснуваат и жителите на Дојран, додека Валандовочани чекаат одлука за референдум од општинските власти откако веќе ги собраа потребните потписи за референдумско изјаснување.
Во споменатиот рудник предвидено е да се експлоатира бакар, сребро и злато, а англиско-украинската компанија “Сардич” веќе има потпишано договор за концесија со претходната влада.
Во април годинава, исто така на референдум, гевгеличани забранија отварање рудници за злато на планината Кожуф.