Гевгелија ќе гласа на референдум против изградба на отворен рудник за злато.
Иницијатива за организирање референдум покрена здружението Спас за Гевгелија, а ја поддржа и Советот на општината.
„Гевгелија ќе мора да се исели ако се отворат рудниците за злато“, велат од Здружението Спас за Гевгелија.
Референдумот во Гевгелија треба да се одржи на 23 април.
Две компании имаат концесии за геолошки испитувања на почвата на огромни површини кај Коњска река и кај Коњско. Истражувањата се веќе при крај и канадската компанија, сопственик на концесијата, веќе поднесе барање за добивање концесија за експлоатација на земјиштето преку постапка наречена лужење.
За овие три години, колку што траат истражувањата, се покажало дека земјиштето е богато со злато, и тоа многу повеќе од рудникот Иловица во Струмичко.