Насловна / Вести / Редовен состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС)

Редовен состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС)

Македонската комора на овластени архитекти и инженери, од 3 до 5 февруари 2017, беше домаќин на своите колеги од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, во рамки на редовниот состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС).

ИИРС ја сочинуваат инженерски експерти од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Инженерската комора на Словенија, Комората на градежни инженери на Хрватска, Комората на електроинженерите на Хрватска (придружен член), Инженерската комора на Србија, Инженерска комора на Црна Гора и Комората на инженерите во инвестиционото проектирање на Бугарија. Иницијативата е формирана во 2011 година во Црна Гора, и состаноците по цикличен распоред, се одржуваат на секои шест месеци кај секоја од земјите членки.Grupna slika

Инженерите од овие шест регионални држави, преку своите инженерски комори работат на шест заеднички проекти од интерес на инженерската струка, а македонската комора го води проектот за инженерските образовни квалификации и признавање на овластувањата помеѓу земјите членки на ИИРС.1

На средбата се заклучи да се продолжи со работа на шесте проекти од заеднички интерес на сите Комори. Особен акцент се даде на утврдувањето на модалитетите на дефинирање на пазарната вредност на инженерскиот труд, подобрување на процесите на јавни набавки на инженерски услуги, а се етаблираше и нов проект кој ќе биде раководен од Македонската комора на овластено архитекти и овластени инженери   за проблемот настанат во земјите од регионот, следен од масовната емиграцијата на инженерска интелигенција од овие простори во изминативе две декади.unnamed

Во таа насока беше остварена средба на координаторот на Иницијативата д-р Мирко Орешковиќ и претседателот на Комората проф. д-р Миле Димитровски со ректоратот на УКИМ проф. д-р  Никола Јанкуловски. На средбата беше потврдена спремноста за потпишување мемораандум за соработка за понатамошна работа на подобрување на вештините на архитектите и инженерите.

Според професорот д-р Миле Димитровски, претседател на Управниот одбор на Комора ОАИ, „Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија беа домаќини на ово собир, кој се повторува секои шест месеци во една од државите членки. Македонската комора го раководи проектот за образовните квалификации на инженерите и признавањето на овластувањата со посебен акцент на подобрување на вештините на инженерите после завршување на формалното образование. Во претходните шест години Комората прифати и потврди 435 странски овлстувања од 21 држава со кое се помогна процесот на развој на градителството во државата. Истовремено, македонските инженери имаа можност да добијат потврда на своите овластувања во сите членки на Регионалната Иницијатива, да работат и да ги зголемат своите вештини преку работа на големи проекти во странство.“unnamed (2)

Исто така, д-р Мирко Орешковиќ од Хрватска, и раководител на ИИРС, истакна дека „соработката меѓу Коморите од регионот од кои три се во земји членки на ЕУ (Словенија,  Бугаријај и Хрватска), а другите се во процес на прием, е одлична можност да се создатат услови за мобилност на инженерите и усогласување на вештините во инженерската струка.  Домаќините на оваа средба со голема умешност го организираа собирот во професионалниот дел, но исто така се покажаат и како извонредни домаќини во социјалните и културолошките содржини. Особен интерес на сите заинтересирани беше проблемот на јавните набавки со најниска цена, вредноста на инженерските услуги и взаемното признавање на овластувањата. Го завршивме собирот со извонредни импресии за работата на Македонската комората, убавините на Скопје и гостопримливоста на домаќините, на кои во оваа прилика сакам да им изразам искрена благодарност.“unnamed (1)

Испрати коментар

Scroll To Top