Во пантеонот на практичното, Moka Express апаратот кој е дизајниран 1933.година од Алфонсо Биалети, стои како главен симбол на функционалноста…
Moka Express со својата машинска осмоаголна елеганција од алуминиум дава звучно и тактилно искуство со секое вртење на неговиот дизајн, што е акцентирано со ширење на прекрасен мирис и радосно клокотење на лончето, тогаш кога процесот на варење кафе е завршен. Moka Express стои во совршен контраст со стерилноста на кафе апаратите кои денес се базираат на капсули и притисок на само еден тастер. Сепак како што е тоа случај во животот, погодноста ја надминала префинетоста, додека раскошот на Moka Express апаратот избледел, но скоро добил можност за нова иднина.
Ангажиран од брендот Alessi за да го ревитализира дизајнот, синоним за италијанската модерност, истовремено оживувајќи ја едноставноста наречена sprezzatura, британскиот архитект Дејвид Чиперфилд го прифатил духот на оригиналниот дизајн.
На дизајнот му пришол со внимание и префинетост, доадавајќи му два нови панела, рамнејќи го нековиот кров и ублажувајќи му ја формата на заоблениот финиш. Дизајнот на Чиперфилд физички делува постабилно од оригиналот, додека истовремено ја чува неговата силуета со деликатни детали.
Новиот Alessi Moka апарат за кафе официјално ќе биде претставен на овогодишниот Salone del Mobile саем.