Насловна / Архитектура / Редизајн на кино во Мадрид како рецепт за оживување на јавен простор

Редизајн на кино во Мадрид како рецепт за оживување на јавен простор

Паметен редизајн може да даде сосема нов дух на напуштените објекти, особено ако се добијат јавни простори во кои сите посетители се чувствуваат пријатно. Таков е случајот со старото, напуштено кино Sala Equis во мадритскиот кварт Duque de Alba кое неодамна го преуреди архитектонското биро Planeta.

1
Киното неколку години било потполно празно. Наместо да го срушат и на локацијата да направат комерцијален објект, градските власти распишале јавен конкурс за негово преуредување. Денеска Sala Equis функционира не само како кино, туко како заеднички простор во кој се одржуваат разни активности како концерти, циркуски перформанси, претстави, конференции и други јавни собирања. Во рамки на објектот се наоѓаат и неколку шанкови и ресторан.
Sala Equis за кратко време стана популарно место меѓу туристите и жителите на Мадрид.

2
Во текот на денот централната сала е осветлена со сончева светлина која допира преку големиот кровен прозор. Поставени се и седења како лежалки за плажа, клупи, мрежи за лежење и лулашки долги 11 метри. Најголем број на седишта е свртен кон главниот бар и големото кино платно на кое во тек на целиот ден се прикажуваат стари филмови.

4
Во посебна просторија сместена е мала кино сала со 64 седишта, опремена со високо професионална аудио визуелна опрема. Целиот намештај во салата е обложен со црвен и зелен сомот, а пред седиштата се поставени маси прицврстени за челична шипка. Вднаш до оваа просторија се наоѓа и коктел бар со уште поинтимна атмосфера.

3
Интересно е што бирото Planeta на некои делови одлучило да ја задржи оригиналната состојба, прилично оронати делови на градбата, поради што ентериерот делува поинтересно. Тоа најмногу се гледа на ѕидовите и останатеите елементи од ентериерот, како шанкови, ракохвати и некои необични орнаменти.

5
Исто така впечатливо е и присуство на голем број фотелји и маси кои датираат од средината на минатиот век кога кинот било отворено. Во киното сега има и многу зеленило во саксии и по челичната конструкција во главната сала.
Овој проект покажува дека со минимален буџет и голема посветеност може да се оживее скоро секој напуштен јавен простор.
Проектот влезе во финалето за наградите Surface Travel во категоријата Mixed-Use Space.

Испрати коментар

Scroll To Top