Насловна / Вести / Рedal.clip – холандска иновација во паркинзите за велосипеди

Рedal.clip – холандска иновација во паркинзите за велосипеди

Во Холандија има 25 милиони велосипеди и веќе два милиони се електрифицирани.

Многу градови ја адаптираат својата инфраструктура и даваат предност на возење велосипеди над автомобили. Службениот автомобил се заменува со службен велосипед.

0_resize

Иновациите околу велосипедизмот се одвиваат со брзо темпо.

Меѓутоа, на решенијата за паркирање велосипеди им недостасуваат иновации во инфраструктурната интеграција и во потребите на сопствениците на е-велосипеди, многу посакуваните точки за полнење на велосипед.

01_resize

03_resize

Затоа холандската компанија Bike.box е новиот начин на паркирање велосипед, која ги унапредува и внесува иновации во паркинзите за велосипеди.

02_resize

2_resize

Таква една иновација е нивниот нов систем Pedal.clip, кој го паркира велосипедот со педалата во систем на шини. Pedal.clip гарантира солидно паркирање за секаков вид велосипед, имун е на ветер или случајни удари од други велосипедисти. Има голем отвор за прицврстување на бравата на синџирот, а ги има и оне со опција за полнење е-велосипед.

5_resize

6_resize

Системот Рedal.clip може да биде модул за пет велосипеди, или поединечен, а може да биде и во вид на ракохфат кој се користи како решение за паркирање велосипед. Рedal.clip е достапен во разни шари и бои.

1_resize

10_resize

7_resize

9_resize

3_resize

4_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top