Бизнис седиштето на Red Bull е проектирано од страна на холандско- канадското студио Sid Lee Architecture. Современата пештера со метални ѕидови е сместена во поранешно бродоградилиште во близина на пристаништето во Амстердам, Холандија. Троделниот ентериер има типично осветлување како индустриска хала. Зградата е составена од систем од метал и иверица, кои креираат простори не само за вработените туку и кабина за диџеј и студио за снимање.
Dive- пивница опкружена со кристална структура на дрвениот таван
The Crash Room- салон осветлен со неонски светла
Holy Shit- Тоалети чии ѕидови се со мозаик на Богородица
Овие три соби не се само доказ за креативноста на компанијата туку и за преминување на границата помеѓу она што е уметност и провокација.
Секако дека не се изоставени и канцелариите што се поделени во два дела, опкружени со уметнички дека од лименките на Red Bull. Во нивниот центар вработените имаат простор за состаноци и одмор направен од перфориран лим.