Во среда 11.09.2024 околу пладне цената на еден грам злато изнесуваше над 73 евра, односно над 73.000 евра за килограм злато. Покачување на вредноста на златото од околу 597 отсто во текот на изминатите 20 години укажува на неприкосновениот значај на овој скапоцен метал не само како трајно мерило на вредност, туку и како безбедно засолниште во турбулентните времиња низ историјата.
НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ОСТАНУВААТ УШТЕ САМО 55.000 ТОНИ ЗЛАТО
Според податоците на Светскиот совет за злато се смета дека досега на планетата Земја биле ископани околу 210.000 тони злато, а дека остануваат уште само околу 55.000 тони. Според сегашното темпо на експлоатација од околу 3.000 тони годишно, сето преостанато расположивото злато на планетата ќе се ископа во текот на наредните 20 години.
Се разбира исцрпувањето на расположивите резерви на злато на планетата земја е само еден аспект од состојбите. Другиот, веројатно и уште позначаен е поврзан со последиците по човековата околина од експлоатацијата на злато како во минатото, така и денес, со оглед дека ископувањето на злато се смета како една од најдеструктивните индустрии на планетата земја, преку загадување на водите, создавање на големи количества на цврст отпад, загрозување на природната средина, и сл. Така на пример, токсичниот отпаден материјал од процесот на екстракција на златото од рудата може да содржи дури и до три токсични материи како на пример арсеник, олово, жива, нуспродукти на нафтата, киселини, или цијаниди.
Дополнително, како еден од економски ефикасните начини на екстракција на златото е оној каде во, и до 100 метри високи купови од руда според принципот „капка по капка“, се испушта солуција базирана на цијанид преку која се извлекува златото од рудата за да се собере во езереце, пред, преку електро-хемиснки процес од истото да се извлече златото. Според огранизација Ертворкс, при примената на овој процес до 99,99 отсто од секој куп на руда станува отпад кој во себе содржи токсични материи. Се разбира последиците од експлоатацијата на злато варираат од рудник до рудник и од правниот систем во којшто се врши или пак според кој се врши експлатацијата. Така во оние лоцирани во или пак во сопственост на компании од поразвиеноте земји за очекување е дека процесот на експлоатација ќе се стреми да овозможи подобра заштита на човековата околина.
Во соседна Србија потрагата по ретки и вредни метали и минерали се чини дека е во тек преку веќе познатите дебати во јавноста за екстракцијата на литијум за производство на батерии, или пак на злато каде, според РТ Балакан, дури 31 компанија се посветени на геолошки истражување за изнаоѓање на следната златна жила во земјата. Според проценките на експертите се смета дека резрвите на злато во Србија се некаде од 625 до 750 тони.
ДАЛИ НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА МОЖАТ ДА ПОНУДАТ ИНОВАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ЕКСТРАКЦИЈА НА ЗЛАТО?
За разлика од традиционалните методи на експлоатација на злато со сите потенцијални нус ефекти од поврзаните технолошки процеси, веројатно се поставува и прашањето дали современата наука и технологии можат да понудат иновативни методи за екстракција на злато, но на значително поеколошки начин. Потенцијалниот одговор на ова прашање беше понуден во првата половина на месец август, кога британскиот Ројал Минт ја објави веста за отворањето на првата фабрика во Велика Британија за производство / екстракција на злато од електронскиот отпад. Инаку, Ројал Минт, е над 1100 години старата Британската државна кралска ковачница на пари која сега е лоцирана во околината на Кардиф во Велс.
Врз основа на склучен договор со канадската компанија за чисти технологии Ексцир, на Ројал Минт му било дозволено да ја воведе ова иновативна технологија во Велика Британија, а која овозможува на безбеден начин да се извлече и рециклира златото и други скапоцени материјали од електронскиот отпад. Според патентираната технологија на Ексцир, а базирана на инивативна хемиска технологија, овозможено е да се извлечат до над 99 отсто од златото од електронскиот отпад, значи она кое што се наоѓа во штампаните плочи на отфрлените лаптопи и мобилни телефони. Хемиските процеси овозможуваат селективно да се насочат и извлекуваат скапоцените метали од штампаните плочи, а преку кои не само што се извлекуваат скапоцените метали, туку и се нуди иновативно решение за справување со најбргу растечката категорија на отпаден материјал во светот.
СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ ВО ОТФРЛЕНИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД
Според информациите во објавата на Ројал Минт, секоја година над 50 милиони тони од електронски отпад се призведуваат во светот. За споредба со британски познатите репери, количнината на овој електронски отпад се проценува дека е еднаква на тежината на 350 луксузни патички бродови за крстарења, како британскиот, веќе во „пензија“, Квин Мери 2. А без промени во начинот на однесување се проценува дека до 2030 година годишното „производство“ на електронски отпад ќе се зголеми на 74 милиони тони.
И тука пробелмите се повеќеслојни. Од една страна во моментов само помалку од 20 отсто од електронскиот отпад во светот се рециклира. Како резултат на ова се смета дека износ од над 57 милијарди американски долари годишно се фрла, наместо да биде собран за да се обработи и повторно искористи. Оваа извонредно голема сума, која е поголема од домашниот бруто призвод на повеќето земји во светот се наоѓа во златото, среброто, бакарот, паладиумот и другите скапоцени метали, содржани во отфрлениот електронски отпад. Дополнително, во моментов електронски отпад се пренесува во други земји за таму да се стопи при високи температури.
Во обидот да се надминат овие состојби научниците и инженерите на Ројал Минт работат врз развивањето на новата иновативна технологика од ниво на лабораторија до ниво на масовно производство. Врз основа да досегашниот развој добиено е злато со чистота од 999.9, а очекувањата се дека по целосното развивање на процесот ќе биде можно од елестронскиот отпад исто така да се извлече и палдиумот, среброто и бакарот.
РОЈАЛ МИНТ И ЕКСЦИР: „ЗАЧУВУВАЊЕ НА СКАПОЦЕНИТЕ ДОБРА“
Водејќи се од принципите на кружната економија, технологијата која се развива од Ројал Мини и Ексцир има потенцијал да овозможи да се управува со електронскиот отпад преку контролиран и регулиран начини, а преку која на подолг период ќе се зачуваат природните ресирси, ќе се намали влијанието на електронскиот отпад врз човековата околина и ќе се усвојат нови вештини и врабитувања во земјата.
За Ен Џесоп, главен извршен директор на Ројал Минт: „Ние сме неизмерно горди што соработуваме со Ексцир за да ја донесеме оваа прва технологија светот во Обединетото Кралство. Таа ни дава можност да извршиме вистинско влијание на еден од најголемите светски еколошки предизвици, истовремено помагајќи да ја обезбедиме нашата иднина како лидер во висококвалитетни, одржливи, благородни метали. Ова партнерство претставува значајна пресвртница за Ројал Минт, бидејќи ние повторно ја размислуваме за иднината како дом на благородни метали во Обединетото Кралство. Потенцијалот на оваа технологија е огромен – намалување на влијанието на електронскиот отпад, зачувување на скапоцените добра и создавање нови вештини кои помагаат да се поттикне кружната економија“.
За главниот извршен директор на Ексцир, Џим Фокс: „Тимот во Ексцир се чувствува исклучително среќен што работи заедно со Ројал Минт за да ја зголеми патентираната технологија на Ексцир од лабораторија до масовно производство во наредните години. Нивната 1.100-годишна експертиза во благородни метали и иновации, заедно со желбата да се поттикнат нови вештини и да се искористи животната средина, ги направи идеален партнер за нас“.
Според Шон Милард, главен директор за раст во Ројал Минт, „Ројал Минт напредуваше повеќе од 1.100 години, благодарение на нашиот претприемачки дух, а технологијата Ексцир ја надополнува нашата амбиција да бидеме лидер во одржливи благородни метали. Хемијата е револуционерна и способна за враќање на скапоцените метали од електронските уреди за неколку секунди. Тоа нуди огромен потенцијал за Ројал Минт и кружната економија – помагајќи да се повторат искористувањето на скапоцените ресурси на нашата планета и да се создадат нови вештини во Обединетото Кралство.“
НОВИОТ БРИТАНСКИ „РУДНИК“ НА ЗЛАТО
Се чини дека Ројал Минт и Ексцир го нашле новиот британски „рудник“ на злато. Полниот капцитет на новата фабрика ќе овозможи до 90 тони електронски отпад од Велика Британија да се процесира секоја недела на собна темепратура, што ќе овозможи да се извлечат стотици килограми злато годишно. Воведувањето на овие нови процеси е од исклучително значење со оглед дека се смета дека околу седум отсто од златото во светот се наоѓа во електронскиот отпад.
За еколошки опредлените љубители на златен накиит и предмети, оние израбитени од рециклирано злато од електронски отпад веќе се вклучени во колецијата 886 на Ројал Минт.
За оние коишто се љубители на традиционалните технологии можеби ќе биде пожелно да земете во предвид дека изработката на само една бурма резултира во производство на околу 20 тони цврст отпад во процесот на произвоство, а што е приближно еднако на околу една исполнета со цврст отпад еднокреветна соба од околу 7,55 метри квадратни со светла висина од околу 2,65 метри, под предпоставка дека еден тон отпад зафаќа волуме од околу еден метар кубен.