Насловна / Вести / Рециклирањето на лопатките од ветерните турбини станува реалност

Рециклирањето на лопатките од ветерните турбини станува реалност

Стандардниот животен век на ветерните електрани на копно е 20 до 25 години. Околу 85 до 90% од масата ан една ветерна турбина може повторно да се употреби. Најголеме дел се состои од челик и бакар, кои релативно лесно можат да се преработат.  Но, лопатките се најголемиот предизвик за рециклирање. Се изработуваат од композитни материјали, така што раздвојувањето на поединечни материјали е тешка задача. Композитните материјали се комбинација од пластична матрица и стаклени или јаглеродни влакна, кои ја зајакнуваат конструкцијата.

recyclable1

На најразвиените пазари на овој вид енергија во европа, најстарите ветерни електрани веќе се демонтираат. Простото депонирање на овие елементи создава сериозни проблеми по животната средина. WindEurope очекува до 2025 година годишната количина на овој вид отпад во Европа сериозно да се зголеми. Затоа, во 2021 година ја повика Европската комисија да предложи до 2025 година да се забрани депонирање на отпадот од лопатите на ветерните турбини. Механичкото мелење и пиролизата се во моментот најдобрите технологии за рециклирање на лопатките на ветерните турбини. Употребата во производството на цемент е уште една проверена и достапна мерка за преработка на композитниот отпад.

recyclable2

Siemens Gamesa во 2021 година ги направи првите целосно рециклабилни лопатки за ветерни турбини. Произведени се од комбинација на материјали потопени во синтетичка смола. По рециклирањето, тие материјали може да се користат за нови производи (најчесто разни видови на куфери) RWE во 2022 во склоп на својата ветерна електрана „Каскаси“ во Северно море, го започна тестирањето на овие нови материјали. Прототипот на лопатка која може во целост да се реиклира е произведен во 2022 година како резултат на истражувачкиот проект ZEBRA (Zero wastE Blade ReseArch). Со должина од 62 метри, изработена е од термопластична смола во комбинација со стаклени влакна со високи перформанси. Со тоа, можноста за рециклирање на лопатките е подигната на сосема поинакво ниво. Термопластичниот композитен материјал на крајот на векот на лопатките има висока вредност и може лесно да се користи во други инсустрии како градежен материјал. Може и да се деполимеризира и така издвоената смола повторно да се користи за производство на нови лопатки. Continuum Group, компанија со седиште во Данска, има развиено технологија која исто така може во целост да ги рециклира лопатките, и која е веќе подготвена за комерцијална примена. Оваа стартап компанија тврди дека ќе го врши целиот процес од собирање на лопатките преку преработка на материјалите до изработка на композитни панели за градежништвото, кои ќе бидат бесконечно рециклабилни. Резултатот е целосно одржливо решение за циркуарната економија.

recyclable4

recyclable3

Се планира во Европа до крајот на 2030 година да бидат отворени шест фабрики, од кои секоја ќе може да рециклира барем 36.000 тони лопатки годишно. Овие идни постројки, планирано е да се напојуваат исклучиво со „зелена“ енергија. Отворањето на првата фабрика, во данскиот град Есбјерг е планирано за крајот на 2024 година. Слични вести стигнуваат и од југот на Европа. EnergyLOOP има намера да изгради иновативна фабрика за рециклирање на лопатки во општината Кортес во Шпанија. Шпанската индустрија на ветерот – со над 28 GW инсталиран капацитет ќе се соочи со потребата да рециклира или повторно да употреби значајни количини на ветерни турбини пред другите земји. Првата ваква фабрика во Шпанија се очекува веќе оваа есен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top