Столовите што се на фотографиите се всушност рециклирани, „облечени во нови облеки“. Андреа Михалик е американски занаетчија и уметник која создава единствена, применета уметност со комбинирање на старите техники на тапацирање на мебел со потполно неочекуван избор на материјали и со мошне специфичен пристап и комбинирање на разни текстури и структури на материјалот во однос на реализираниот дизајн.
Таа е сопственик на Wild Chairy Studio во Филаделфија.
Секој стол е, всушност, едно старо парче мебел, кое со помош на разни федери, коњски влакна и органски памук се реставрира и му се вдахнува нов живот. Иако во нови и современи форми, овие столови и фотелји претставуваат вистинско рециклирано богатство.