Насловна / Архитектура / Рециклирани шишиња употребени за луксузна фасада

Рециклирани шишиња употребени за луксузна фасада

Холандската MVRDV создаде неверојатна фасада за водечката продавница на Bulgari во Шангај, Кина. Оваа луксузна фасада изгледа како да е направена од полускапоцени камења, а всушност се состои од рециклирани стаклени шишиња.

Bulgari

Продавницата на Bulgari во Шангај (стилизирано име Bvlgari) има 274 квадратни метри и е исполнета со маси за изложување на луксузни производи како што се нивните познати часовници и накит. Продавницата се наоѓа во трговскиот дел на градот, а архитектите најмногу биле фокусирани на надворешноста на зградата, која привлекува погледи со својот префинет вкус.

Bulgari1

Тие биле инспирирани од арт-деко стилот, популарен во Шангај на почетокот на 20 век, во комбинација со минералот жад, кој е составен дел на кинеската цивилизација. За да го постигнат ефектот на жад, ангажирале специјализирана германска фабрика, која топела зелени, бели и проѕирни шишиња од шампањ, пиво и други пијалоци и ги пресувала во чинии, а потоа ги сечела во соодветни форми.

Bulgari2

Кога се инсталирани на зградата, биле додадени украси од месинг во златна боја за да се постигне изглед на накит од жад. Панелите од компресирано стакло имаат проѕирен финиш, а ноќе позадинското осветлување зад панелите и дава впечатлив сјај на фасадата, нагласувајќи го уникатниот квалитет на стаклената текстура.

Bulgari3

“Целиот проект го демонстрира потенцијалот на одржливи материјали, дури и во луксузни контексти, и е чекор кон заедничката цел на MVRDV и Bulgari, а тоа е изградба на продавници со 100 отсто материјали од циркуларната економија“, посочуваат архитектите. Задното осветлување е проектирано да го минимизира енергетскиот отпечаток на фасадата, користејќи половина од енергијата од конвенционалната инсталација.

MVRDV неодамна ја претстави Фабриката на идеи во Шенжен, како и плановите за станбена кула во форма на О во Германија.

Bulgari4

Bulgari5

Испрати коментар

Scroll To Top