Насловна / Вести / Речиси нови 120000 дизел автомобили на Volkswagen гнијат под отворено небо

Речиси нови 120000 дизел автомобили на Volkswagen гнијат под отворено небо

Видеото што ви го прикажуваме е од САД, каде што компанијата Volkswagen започна да ги собира проблематичните дизел автомобили.

Станува збор за возилата што се погодени со грандиозниот скандал Дизелгејт, и кои компанијата ги откупува од сопствениците, пишува во понеделникот „Факти“.фолксваген

Со кампањата за откуп на дизел моделите на Volkswagen се опфатени околу 475 000 возила. Во моментов, на огромни паркинзи под отворено небо се прибрани приближно една четвртина од нив или околу 120 000 автомобили. Германската компанија ги складира автомобилите на три огромни паркинзи.volkswagen-buyback

Едно место е стадионот Silverdome во државата Мичиген, потоа во поранешна база на воздухопловните сили во Калифорнија и во пристаништето во Балтимор. Како изгледаат во моментов овие три места.

Спектакуларно и силно импресивно. Уште поинтересно е тоа што во случајот Volkswagen не знае што да прави со вратените автомобили.

Се проценува дека околу 70 000 од нив ќе добијат реновиран програмски софтвер, поради што тие ќе можат да се вратат на патиштата во САД.3фолкс

Тие ќе бидат продадени по евтина цена Но, што ќе се случи со останатите 400 000 возила? Една од веројатностите е дека овие речиси нови автомобили ќе бидат дадени за отпадоци.

Испрати коментар

Scroll To Top