Насловна / Вести / Речиси 44% од топловодните видови корали се пред исчезнување

Речиси 44% од топловодните видови корали се пред исчезнување

На речиси половината од топловодните видови корали кои се составен дел на гребените, им се заканува изумирање, предупредуваат групите ангажирани на заштита на животната средина од штетните влијанија на човековите активности, после глобалната проценка, за што известиле учесниците на климатаската конференција на ОН во Баку.

Во очи на овој самит, бил анализиран статусот на зачуваност на 892 видови од Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Коралите живеат во плитки, топловодни живеалишта и создаваат шарени гребени кои се наоѓаат во тропските и субтропските океански подрачја. Коралните гребени, кои се градени со десетици илјади години, се најразновидните морски екосистеми.

Анализата на IUCN покажала дека загрозени се 44% или речиси половината од нив, што е значителен пораст во однос на една третина во 2008 година, кога коралите кои создаваат гребени, биле последен пат предмет на анализа за потребите на Црвената листа на загрозени растенија, животни и екосистеми. Состојбата секако бара итна и недложна акција. Освен климатските промени, на коралните екосистеми влијаат и останатите негативни настани како избелувањето, загадувањето, земјоделскиот отпад кој завршува во морињата и океаните, разни болести како и неодржливиот риболов.

Главно решение за спас на коралите од изумирање е намалувањето на емисиите на стакленички гасови со превземање на дополнителни активности кои ќе овозможат зајакнување на видовите, сметаат стручњаците од IUCN. Во тек е иста ваква анализа на коралите од ладни води кои се наоѓаат на споменатата Црвена листа. Со оглед дека тие се наоѓаат во длабоките води, им се заканува уништување од прекумерен риболов, рударење во длабоко море, експлоатација на нафта и гас и сл.

Испрати коментар

Scroll To Top