Насловна / Архитектура / Реартикулација на урбаното дизајн живеење

Реартикулација на урбаното дизајн живеење

bangkokart2 - Copy

„Уште еден ден, уште еден трговски центар“ – напиша на својот фејсбук профил мојата пријателка во Банкок непосредно пред отворањето на новиот Емквартиер. Отворањето на нов комерцијален објект останува да биде  епицентар на вниманието за тајландската публика. Месеци поминати во подготовки и масовно рекламирање, вип фотографирање на црвени ќилими, борба да се донесе нов бренд, нов вкус на храна во рестораните, да се промовира најнов дизајн на ентериер и ново искуство, се само дел од сценариото, заедно со контраиндикациите: интензивирани сообраќајни паузи и толпа на луѓе со желба да биде присутна и да го види она што е најново.

maxresdefault

Емквартиер се отвори во март оваа година на Пром Понг станицата со надземен воз, наспроти веќе постоечкиот трговски центар Емпориум. 2015 е (засега) дефинитивно година на Пром Понг станицата на Сукумвит линијата којашто заради комплексот составен од три комерцијални објекти истовремено е препознатлива и како кварт ЕМ. Сопствениците на трговскиот центар се огласија со официјално барање до властите да ја преименуваат станицата од Пром Понг во ЕМ (кратенката пред секое од имињата на поедничните објекти), меѓутоа засега барањето не е одобрено.1

Педесет милијарди тајландски бахти е вреден проектот составен од трговскиот центар Емпориум, Емквартиер и Емсфера, којшто е планиран да се отвори во 2016 година. Проектот со 600.000 метри квадратни ќе стане дом на 1.000 локални и интернационални дизајнерски продавници, што го заокружува исклучителниот напор на сопствениците да го сместат во групата на петте најдобри трговски центри во светот. Најстариот од нив, трговскиот центар Емпориум е популарен центар за забава, храна и образование.

IMG_8698

Објектот содржи дизајнерски продавници, кино комплекс, помали продавници за мода, книги и музика, супермаркет и значителен број на луксузни ресторани. Тој е првиот објект со синтетизирани променади за луксузен шопинг, исхрана и разнода, како и првиот објект во Банкок којшто овозможил директен пристап од надземниот воз во внатрешноста на објектот. Од друга страна, на петтиот кат на Емпориум, со влез преку лобито на кино комплексот, се пристапува кон една поинаква институција – Тајландскиот креативен и дизајн центар (ТКДЦ).tcdc biblioteka vnatre

„Со цел да се одржи компетитивноста на глобалниот пазар, Тајланд не може да очекува  да се споредува повеќе со другите земји, во најголема мера како резултат на ниската цена на работната сила. Тајланд треба да ја капитализира сопствената креативност и дизајнирање на продукти и услуги за да им одговори подобро на барањата на пазарот“- е дел од манифестот на организацијата. Надминувајќи ја економската криза во 1997 година, прашањето за градење на нов економски систем кој ќе биде основан на образование и креативност, претставува клучен темел за создавање на ваков тип на институција, како и потребата за позиционирање на вредностите на Тајланд, како земја во рамките на интернационалната арена.tcdc vnatre

Основан е како центар во 2004 година под власта на премиерот Тхаксин Шинауатра, за да ги поврзе и промовира интеракциите помеѓу областите креативност, занает, културна автентичност и бизнис претприемништво, како и создавање на квалитетни продукти и услуги. Логото на центарот го содржи традиционалниот таи десерт со кокосово млеко направено на пареа, завиткано како продукт во лист од лотос.

Петнаесет илјади книги на тема дизајн, архива со филмови, видеа и мултимедијални проекти го позиционираа центарот како најголемата дизајн библиотека во Азија. Просторот за читање, кој е обвиткан со градската панорама, го прави истражувањето во ТКДЦ возбудливо и со задржана љубопитност. Дополнително, центарот располага со изложбена сала, простор за предавања, креативен изложбен простор за новата генерација на дизајнери за да ги прикаже своите дела без никаков надоместок, концепт продавница, изложбен простор на современи материјали и ресторан. 2emquartier

Од 20 март до 31 мај центарот беше дом на поставката на Хенри Милер: Есенцијален Имс „Икони на дизајн сцената од 20 век“. Дел од императивите на центарот, имено е создавање на кохезија помеѓу поставување на изложбени поставки кои ќе го доближат современиот и класичниот дизајн и популаризирање на локалната дизајнерска сцена.

ТКДЦ располага со сопствена државна мрежа составена од 14 помали центри и уште еден поголем во историскиот град на север Чанг Маи. Процесот на создавање и поддржување на креативни претприемачи држи чекор со тенденциите на тајландската дизајн сцена. Во последните години трендот на локалните дизајнери е да произведуваат локално и да се пласираат локално. Во текот на месецот постојано се популаризираат поп ап пазари со млади дизајнери, поп ап продавници, изложбени поставки на дизајнери во рамките на поголеми продавници и културни центри, промовирање на настани кои комбинираат локални дизајн продукти и облека, пијалаци, храна и забава. Спонтано најавените и поп ап пазарите со „скриени“ локации ги преплавуваат социјалните мрежи и го благословуваат локалниот дизајн како можност за индивидуален бизнис.

kafe

Во 2016 година ТКДЦ ќе го промени седиштето. Од Емпориум во стариот арт деко објект на националната пошта, лоциран на кејот на реката Чао Праја. Центарот ќе изнајми 9.000 метри квадратни простор во кој дополнително на постоечките содржини ќе бидат развиени простори за старт-апи, нови услуги како и фокус кон истражување на пазарот. Нопадол Уеракити, менаџерот за информатичка технологија и услуги на центарот, изјави дека се во интензивна подготовка на проектите за развој на целосниот контекст и посакуваните релации помеѓу активностите на објектот и контекстот.

Заменик премиерот на Тајланд надополни дека соработката помеѓу Тајландската пошта и ТКДЦ ќе биде дел од потрагата на воената влада за создавање на дигитална економија (Банкок пост). Локацијата на центарот се очекува да ги премости и вреднува населбата со нејзиното историско наследство и дизајн креативноста.

biblioteka

Реконструкцијата на стари и напуштени објекти на брегот на реката претставува потенцијален простор за борба со гентрификацијата којашто е во прогрес, заради рапидната урбанизација и постоењето на бројни неурбанизирани локации од двете страни на реката. Бројни комерцијални објекти се градат секој месец заменувајќи ги традиционалните населби, храмови и напуштени складишта. Во 2013 година познатиот архитект Дуахгрит Бунанг го премести своето студио во напуштено складиште во Клонг Сан. The Jam Factory претставува мини комплекс со канцеларии, ресторан, продавница за мебел, кафе и продавница за книги.biblioteka na materijali

Во блиската иднина ТКДЦ ќе има значајна улога во реартикулацијата на урбаната култура и нагласување на значењето и односот кон просторот со историска вредност. Надлежните се надеваат дека активностите преку кои тој дејствува – дебати, изложби, истражување и развој на идеи, ќе бидат дел од зачувувањето на хетерогена култура и граѓанска дизајн активност, наспроти глобалната хомогеност на посетата и „живеењето“ во уште еден трговски центар.eames izlozba biblioteka na spisanija

Испрати коментар

Scroll To Top