Насловна / Вести / Реализиран најдолгиот лет во историјата на авиосообраќајот

Реализиран најдолгиот лет во историјата на авиосообраќајот

Авионската индустрија е силно погодена од пандемијата на корона вирусот, а патниците ширум светот се соочуваат со забрани за патување и се обидуваат да се вратат дома. A во целиот тој хаос, создаден е новиот светски воздухопловен рекорд. Имено, француската авиокомпанија Air Tahiti Nui, на 14-ти март го реализираше најдолгиот редовен патнички лет во историјата, минувајќи  15.715 километри од Тахити до аеродромот Charles de Gaulle во Париз. Оваа рута вклучува застанување на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (LAX). Кога авионот застанува во САД, сите патници го напуштаат авионот и минуваат царина и гранична контрола, пред да продолжи со следната етапа. Но, моменталните ограничувања го направија овој дел од птувањето неодржливо, па наместо тоа летот  TN064 продолжил кон крајната дестинација. Тргнувајќи во 15 часот по локално време од аеродромот во Тахити, стигнал во Париз следниот ден во 15.30 часот.

airtahiti1

airtahiti3

airtahti2

Испрати коментар

Scroll To Top