Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ќе потроши една милијарда долари за да се изгради луксузен остров во Обединетите Арапски Емирати, кој ќе вклучува луксузен хотел, пристаниште и забавен парк.
Менаџерите ги откриле плановите за „Островот на Реал Мадрид“, во кој ќе се наоѓа и hi-tech музеј посветен на фудбалскиот клуб.
„Планот е oстровот да биде голем туристички и спортски центар за туристи од највисок профил“, изјави Флорентино Перез , претседателот на клубот.
Комплексот во кој ќе се инвестира една милијарда долари, и е поддржан од страна на владата на ОАЕ, се планира да биде отворен во 2015 година.
Во рамките на комплексот ќе се наоѓа хотел со пет ѕвезди, бунгалови на плажа и забавен парк со холограмски шоу на кој ќе се претставуваат разни изведби поврзаи со историјата и иднината на Реал Мадрид.
Спортските содржини ќе вклучуваат терени за тренинг и базени, како и марини за приватни јахти и стадион со 10.000 седишта, кој од едната страна ќе има отворен поглед на морето.