Насловна / Архитектура / Реакција на Заха Хадид: Јапонците не сакаат странци да им градат во Токио

Реакција на Заха Хадид: Јапонците не сакаат странци да им градат во Токио

Qatar-2022-World-Cup-Stadium-by-Zaha-Hadid-Al-Wakrah

Познато е дека јапонските архитекти не се воодушевени од новиот олимписки стадион во Токио чиј проект го потпишува Заха Хадид. Протестот против „мегаломанскиот проект“ трае веќе цела година, меѓутоа овие дена ситуацијата дополнително се заостри откако Заха Хадид проговори на таа тема во интервју за Dezeen.

zaha-hadid-qatar-world-cup-stadium-600x453

На распишаниот конкурс Заха Хадид е избрана со нејзиното решение за проект на Националниот стадион за Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат во 2020 година. Меѓутоа, група на познати јапонски архитекти овој проект го дочекаа со негодување, зборувајќи дека е огромен, прескап и навредлив. Протестот, ширејќи се во јавноста, станува масивен, па со притисок на јавноста цената за изградба на објектот од три милијарди долари е намалена на разумна цифра.

Во британскиот The Guardian неодамна беше објавен текст во кој јапонските критичари го нарекуваат овој објект монументална грешка, срам за идните генерации, желка која треба само да нурне во океанот и да отплива од Јапонија, итн…

А потоа следуваше интервјуто на Заха Хадид за Dezeen, во кое ги нарекува своите колеги хипокрити и ксенофобични: „Тие не сакаат странци да им го градат стадионот во Токио. Од друга страна, сите тие проектираат за странство: Сеима, Тојо Ито, Маки, Исозаки и Кенго Кума. Во суштина, нивниот проблем е што изгубија на конкурсот. Доколку се против идејата да се гради стадион на тоа место, зошто тогаш воопшто учествуваа на тој конкурс?“

Кој е во право, оценете сами.

Испрати коментар

Scroll To Top